ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ ВО БИТОЛА

ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ ВО БИТОЛА

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, Претседателката на Советот Габриела Илиевска и Директорката на ЈП Комуналец Гордана Наумовска, денес одржаа работна средба со претставници на здруженија за заштита на животните, ветеринари од Битола, како и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Целта на средбата беше да се согледаат мислењата и предлозите за изнаоѓање решение на проблемот со бездомните животни во Битола.

Присутните беа информирани дека, во буџетот на Општина Битола за 2022 година предвидени се средства за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни, а како заеднички заклучок на средбата, беше констатирано дека во претстојниот период работните средби ќе се интензивираат, а јавноста навремено ќе биде информирана за следните активности.

Само со ваков начин на работа и соработка помеѓу сите релевантни субјекти, вклучени во решавањето на овој проблем, заеднички може да се постигне соодветно решение и да се заштитат и животните и граѓаните, беше нагласено на денешната работна средба.

Состојбата со бездомните животни е долгогодишен проблем со кој се соочува Општина Битола, а ова прашање од страна на активисти кои работат на проблематиката, беше покренато и на отворениот ден кој го организираше Градоначалникот Тони Коњановски.