ВО ПЕТОК ОТВОРЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ВО ПЕТОК ОТВОРЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Со цел да се согледаат сите потреби, приоритети и идеи на граѓаните на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, како редовна пракса во своето работење воведува отворен ден за граѓаните, што е во насока и на реализација на активностите предвидени со неговата програма.

Првиот отворен ден, ќе се одржи во петок, од 13.00 часот, на третиот кат во зградата на општина Битола.

Заради успешно спроведување на мерките за заштита од КОВИД 19, заинтересираните граѓани, своето присуство на отворениот ден потребно е да го најават на телефонскиот број 047208339 најдоцна до четврток 25.11.2021 до 13.00 часот.

За да може да се евидентираат сите предлози и идеи, достапен е образец – барање кое  граѓаните можат да го пополнат електронски или со симнување од овој линк и да го достават на отворениот ден. Образецот ќе може да се пополни и во општинската зграда во петок.

Отворените денови, предвидено е да бидат застапени четири пати годишно и истите ќе се организираат како денови во кои градоначалникот и надлежните служби од локалната самоуправа, ќе имаат директни средби со граѓаните.