На покана на амбасадорот на Франција, неговата екселенција Сирил Бомгартнер, вечерва, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на проекцијата на филмот „Сеќавања“ од Роберт Јанкуловски.
Филмот, посветен на македонскиот фронт и жртвите од Првата светска војна, беше прикажан во Кино „Манаки“, како дел од настаните за одбележување на 103 годишнината од крајот на Првата светска војна, чии длабоки последици од тој период, ги почувствуваа токму Битола и регионот.