ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ПОТСЕТУВАЊЕ ДЕКА СЛОБОДАТА НЕМА ЦЕНА

ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ПОТСЕТУВАЊЕ ДЕКА СЛОБОДАТА НЕМА ЦЕНА

Градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски  денес присуствуваше на комеморативната церемонија по повод 103 годишнината од Денот на примирјето во Првата светска војна, заедно со амбасадорката на Република Србија Н.Е Невена Јовановиќ, државниот секретар на Министерството за труд во Република Србија Миодраг Капор и военото аташе на војската на Србија потполковник Вујица Вукобратов. На средбата присуствуваа претставници на државните институции и Армијата, како и претставниците на дипломатскиот и воениот кор.