НОВ ЛИК НА ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ – ЌЕ БИДЕ ЕДИНСТВЕНО ВО ГРАДОТ СО СПОРТСКИ ТЕРЕНИ СО ТАРТАН МЕКА ПОДЛОГА

НОВ ЛИК НА ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ – ЌЕ БИДЕ ЕДИНСТВЕНО ВО ГРАДОТ СО СПОРТСКИ ТЕРЕНИ СО ТАРТАН МЕКА ПОДЛОГА

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска го посети СОТУ „Ѓорѓи Науммов“ и изврши увид на завршените инфраструктурни активности во училиштето и беше информирана за постапките кои што се во тек и кои што наскоро ќе бидат реализирани.

„Само во оваа година општината вложи во средните училишта околу 840.000 евра, а над 420.000 евра во основните училишта. Во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ се вложени над 270.000 евра општински средства и ме радува дека она што го гледам во изведбените инфраструктурни активности покажува дека навистина станува збор за зафати кои што дале далеку подобри услови за работа во самата образовна институција, меѓутоа уште повеќе се радувам на она што следува, а тоа е реконструкцијата на спортските терени, кои што по примерот на претходно санираните спортски терени во две основни училишта, покажуваат дека ја подобруваат можноста за спортски активности во самата настава во текот на воспитно обраовниот процес, меѓутоа даваат далеку подобар потенцијал и за населението кое што гравитира околу ова училиште“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Директорот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Владимир Роме изрази искрена благодарност до градоначалниччката Наташа Петровска за сè што направи во нејзиниот мандат, за тоа што го изваде обраазованието од долгови од 4,5 милиони евра и што успеа уште толку да вложи во сите училишта, вклуително и во Техничкото училиште.

„Прво се започна со проектот на замена на нова дограма, покривот на училиштето и ново заштитно громобранско заземјување, со средства од бугарската амбасада во висина од 133.000 евра. Останатите средства се од општината, а поголеми капитални инвестиции немало во училиштето, откако е тоа изградено. Она што ќе биде најголем зафат е реконструкцијата на спортските терени, кои ќе добијат оградена површина на двете игралишта – ракометно и кошаркарско, опремени за ноќно користење и ќе бидеме единствено училиште со тартан – мека подлога на двата спортски терени, во вредност од 135.000 евра општински средства. Од другите инвестиции би ги издвоил комплетната реконструкција на влезните скали во училиштето, поставивме роло завести во сите училници, кои истовремено се и бојадисани, а наскоро ќе имаме тендер и за нови ПВЦ подлоги во дел од училниците. Имаме нова мултимедијана просторија која ќе биде во салата за состаноци, комплетно опремена за конференции и презентации. Училиштето има и тоалет за инвалиди, а реновирани се и два службени тоалети, како и машките ученички тоалети. Следува и проект за нова енергетска фасада со средства од МОН. Со тоа ќе се заокружи целиот циклус на реновирање на училиштето. Комплетно е реновирана и спортската сала, паркетот е истружен, лакиран и обележан, заменето е осветлувањето во салата со лед рефлекторско осветлување. Комплетно се промени осветлувањето во училиштето со ново лед осветлување, а осветленување е поставено и околу училиштето. Тоа ес големи ивестиции, кои ќе достигнат околу 600.000 евра во мојот мандат и во мандатот на градоначалничката Петровска“, истакна директорот Владимир Роме.

Дополнително, со околу 40.000 евра средства од Општина Битола, во училиштето се опремуваат 4 кабинети со најмодерна компјутерска опрема, видео бимови, смарт табли, телевизори, кои ќе овозможат висококвалитетна настава. За наставата во ковид околнностите, со средства од Општина Битола, минатата година беа набавени 18 нови компјутери и останата дополнителна опрема.