СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ДО СЕЛОТО ОСТРЕЦ

СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ДО СЕЛОТО ОСТРЕЦ

Во тек е асфалтирањето на патот до селото Острец, во должина од 3,1 километар. За реконструкцијата на овој патен правец, која е дел од Програмата на градоначалничката Наташа Петровска, во делот на комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола, издвоени се 10.514.373 денари.