ЕВРОПСКИ ИСКУСТВА ОД ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД ПАНДЕМИЈАТА ВРЗ СОЦИО-ПОЛИТИЧКИТЕ И ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ГРАДОВИТЕ

ЕВРОПСКИ ИСКУСТВА ОД ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД ПАНДЕМИЈАТА ВРЗ СОЦИО-ПОЛИТИЧКИТЕ И ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ГРАДОВИТЕ

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска беше дел од сесијата на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа, на која се одржа тематска дебата:  „Пост ковид град – влијанијата на пандемијата врз социо-политичките и демократските процеси во европските градови“.

На сесијата се разговараше за различни аспекти на влијанија кои беа предизвикани во поголемите, но и помалите европски градови, предизвиците со кои се соочија државите, владите, како и градовите и нивните градоначалници. Беа разменети искуства и од научен аспект, во однос на начинот на однесување на граѓаните од појавата на пандемијата и последиците кои што ги донесе ковид кризата.