ОСВЕТЕНИ ТЕМЕЛИТЕ НА ЦРКВАТА СВ. ТАЛАЛЕЈ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ

ОСВЕТЕНИ ТЕМЕЛИТЕ НА ЦРКВАТА СВ. ТАЛАЛЕЈ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ

Во месноста Билјаник, во населбата Горно Оризари во Битола, денес беа осветени темелите на црквата Св. Талалеј.

На настанот присуствуваше градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски, директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски и бројно месно население.

Чинот на осветувањето го водеше неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Петар.