ЗАПОЧНА ДЕРАТИЗАЦИЈАТА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

ЗАПОЧНА ДЕРАТИЗАЦИЈАТА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, во периодот од 10.05.2021 год. па во наредните десет работни денови, екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведуваат активности на теренот, во смисол на пролетна фаза од превентивната систематска дератизација т.е.поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци). Со дератизацијата предвидено е да бидат опфатени 4000 шахти, како и јавната депонија Мегленци.