„Живеам овде 60 години. Конечно дочекав да имам нормална вода и канализација, а најважно е што влегуваме дома без кал и прашини”, вели жител на еден од краците на ул. „Прогрес“, каде што заврши поплочувањето со бехатон плочки, откако претходно беше променета водоводната и канализационата мрежа.
На денешната средба со градоначалничката Наташа Петровска, жителите изразија задоволство од тоа што ветеното при санацијата на претходни двата краци, дека дополнително ќе се уредат и останатите, веќе е реализирано.
Во тек е тампонирање на вториот крак, по реконструкцијата на канализационата и водоводната мрежа. Од страна на Општина Битола во соработка со јавните претпријатија инвестирани се над 890.000 денари за водоводната и канализационата мрежа, а за партерното уредување локалната самоуправа инвестира околу 640.000 денари.