ЗАПОЧНА ПРВАТА ФАЗА ОД ТЕРИСТИЧКАТA ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ЗАПОЧНА ПРВАТА ФАЗА ОД ТЕРИСТИЧКАТA ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Екипите на Центарот за јавно здравје од Битола од утринава теренски започнаа со превентивна ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција, со цел унштување на ларвените облици на комарците. Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за срведување на превентивна системска дезинсекција на територијата на Општина Битола, како и по спроведената тендерска постапка, предвидени се четири фази на дезинсекција.
Од понеделник пак, ќе започне дератизацијата на територијата на Општина Битола.