СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ И ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА

СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ И ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА

Општинскиот кризен штаб денес одржа средба по електронски пат, на која се разговараше за актуелата состојба со Ковид-19 во општината.
➡️ Директорката на Здравствениот дом Весна Спирковска информираше дека од повозрасната генерација веќе се вакцинирани над 1250 лица со вакцината Астра Зенека.
➡️ Во Клиничка болница Битола, денес за прв пат по еден месец има повеќе испишани од примени пациенти, рече директорката Билјана Гагачовска, иако притисокот врз здравствените работници сеуште е голем.
➡️ Во Центарот за јавно здравје има намалување на пријавените за PCR и брзи тестови,а директорката посочи дека во однос на протоколите за изолација, дадени се нови насоки согласно препораките од Институтот за јавно здравје и истите можат да се најдат на следниот линк.
➡️ Битолската полиција редовно врши контроли за време на полицискиот час од 20 часот навечер до 5 часот наутро, со зголемен број на екипи, а постапува и по контролите од Државниот пазарен инспекторат. Редовно се контролираат сите лица кои се ставени во изолација.