ПЕТРОВСКА ПОБАРА ОД СОВЕТОТ ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТВОРАЊЕ НА НАДВОРЕШНИТЕ ДЕЛОВИ ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

ПЕТРОВСКА ПОБАРА ОД СОВЕТОТ ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТВОРАЊЕ НА НАДВОРЕШНИТЕ ДЕЛОВИ ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Градоначалничката Наташа Петровска имајќи ја предвид состојбата со заболени лица од КОВИД-19 во општината, побара на денешната седница Советот на Општина Битола да донесе „Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола“. Со донесувањето на оваа одлука се бара имателите на угостителските објакти да ја отстранат урбаната опрема-метална ограда со стакло, како и дрвената платформа, наместо на 15 април, истото да го направат почнувајќи од денешниот ден.

Донесувањето на оваа долука треба да биде една од мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

Минатата недела, градоначалничката Петровска побара од угостителите да ги отворат објектите во деловите наменети за пушачите пред законскиот рок од 15 април, се со цел да се намали ризикот од престој во затворени локации. Дел од битолските угостители позиитивно одговорија на нејзиниот апел, а со денешната одлука таа мерка станува задолжителна и за останатите угостители.