ПОДОБРЕН КАПАЦИТЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА НЕСРЕЌИ И УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НА ЛОКАЛНО НИВО

ПОДОБРЕН КАПАЦИТЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА НЕСРЕЌИ И УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ НА ЛОКАЛНО НИВО

Преку онлајн платформата Zoom, денес се одржа конференцијата „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“, посветена на локалните капацитети за управување со кризи во Република Северна Македонија.

Градоначалничката на Општина Битола учествуваше на оваа конференција, на која свои обраќања имаа Стево Пендаровски – претседател на Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј – амбасадорка на Обединетото Кралство, Зоран Петров – национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Стојанче Ангелов – директор на Центарот за управување со кризи, Беким Максути – директор на Дирекција за заштита и спасување, Душица Перишиќ – звршна директорка на ЗЕЛС и градоначалниците на  општините со кои е остварена соработка на проектот.

Целта на оваа конференција е поттикнување на дискусија за системот за управување со кризи, можностите за соработка и меѓусебна поддршка на органите на национално и локално ниво, како и претставување на процесот на изработка на локални стратешки планови за намалување на ризиците од несреќи и катастрофи на осум избрани единици на локалната самоуправа. На конференцијата беше потенцирано дека е потребно да се подобри системот за рано предупредување со кризи, а ЦУК ја има основната задача на проценка на ризокот.

Настанот е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ кој Институтот за демократија го спроведува со поддршка од Обединетото Кралство, преку Британската Амбасада во Скопје.