НОВА ДОГРАМА ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

НОВА ДОГРАМА ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

Училниците во ОУ „Елпида Караманди“, за прв пат од 40 годишното постоење на училиштето, добиваат нова дограма, која во голема мерка ќе ја зголеми енергетската ефикасност и заштедата на електрична енергија.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска го посети училиштето, каде што од страна на директорката Татјана Дамчевска и училишното раководство, беше информирана за текот на работните активности.

Веќе во околу 50% од училишните простории е поставена новата дограма, чија реализација беше спроведена од страна на Општина Битола, општинските јавни претпријатија и преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во вредност од околу 2,5 милиони денари.

До  крајот на оваа учебна година, во сите училници и работни простории ќе биде комплетно променета преостанатата дограма преку проект од МОН. На овој начин и ОУ „Елпида Караманди“ се вбројува во училиштата со реалирани проекти во насока на зголемување на енергетската ефикасност, а се очекува веќе во следната сезона, да се добијат и првите видливи заштеди на енергија.