ПОИНАКВИ УСЛОВИ ЗА УЧЕЊЕ ВО МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ

ПОИНАКВИ УСЛОВИ ЗА УЧЕЊЕ ВО МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ

Со префрлени средства во вредност од 2.608.080 денари од Општина Битола во средното општинско медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола,  комплетно е подобрено функционирањето.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, заменик градоначалничката Емилија Костурски и менаџерскоит тим на училиштето разговараа за извршените санации и моменталните изведбени актвиности во оваа образовна установа.

Во однос на подобрување на енергетската ефикасност и заштедата на електрична енергија, заменета е дограма во целото училиште каде што беше потребно, со енергетски ефикасни ПВЦ прозорци. Целосното осветлување, вклучувајќи го и осветлувањето во спортската сала, е заменето со ЛЕД осветлување.

Во тек е поставување на настрешница на задниот влез од училиштето, кон спортската сала и целосно обновување на вториот кат од училиштето, каде се врши реновирање на кабинетите, бојадисување, менување на подот, реновирање на скалите и менување на дограма.

Паралелно со инфраструктурните зафати,, училиштето се опремува и со нагледни средства. Покрај опремата за квалитетно изведување на он лајн настава, за која општината издвои средства на почетокот од оваа учебна година и со која беа набавени нови компјутери, со дополнителна опрема од камери и звичници, дополнително се набавени  3 телевизори со големина од 55 инчи и 4 смарт табли. Обновена е целосната опрема за практична работа (ново торзо, лабораториска опрема и комплетно обновување на лабораториите).

Со сите извршени санации и набавки кои што се реализирани, единствено е потребно учениците да можат да ги почувствуваат промените што поскоро, со настава во живо.