Во рамките на проектот: „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион“, Центарот за развој на Пелагониски плански регион изврши набавка и поставување на aгрометеоролошки станици со софтвер за земјоделски култури.
Агрометеоролошката станица МЕТЕОБОТ ги има следните сензори:
- Сензор за температура на воздух
- Сензор за влажност на воздух
- Сензор за воздушен притисок
- Сензор за брзина на ветер
- Сензор за количество на врнежи
- Сензор за соларна радијација
- Сензор за влажност на лист
- Сензор за температура на почва
Метеобот е професионална агрометеоролошка станица која одговара на многу прашања со кои производителите секојдневно се среќааваат во процесот на земјоделско производство. Со станицата се добива компјутерска и мобилна апликација преку која се следат сите агрометеоролошки податоци во одреден насад.
Метеобот станицата во целост е автоматска, тоа значи дека корисникот нема потреба да доаѓа до станицата за да ги прочита и превземе податоците. Станицата преку ден електричната енергија ја добива преку соларен панел, а во текот на ноќта работи на акумулаторска батерија која што преку ден се полни. Станицата континуирано на секои 10 минути ги собира измерените податоци и преку GPRS односно преку м2м сим картичка ги препраќа податоците на сервер, каде што се обработуваат и се праќаат на мобилната и компјутерската апликација.
Земјоделското, особено интензивното производство најмногу зависи од временските услови. Постојано е под влијание на врнежи, температура, ветер, сончево зрачење, релативна влажност, влажност на почвата и други параметри.
Метео податоците од одредената локација се обработуваат софтвер за модел на прогноза на болести, од каде што се добива навремена информација за почетокот, траењето и интензитетот на напад на поединечни болести или штетници за секоја култура посебно.
Со ова се овозможува прецизно одредување на рокот за третирање на заштитни препарати, но од друга страна и се олеснува изборот на препарати. Освен тоа, се овозможува прециздно дозирање на рокови и порции на наводнување, примена на агротехнички мерки после мраз, или други временски шокови на растенијата. Во суштина се добиваат информациите кои што се потребни да се добијат најдобрите можни резултати за што подобар раст и принос на одреден насад. Со правилна примена се постигнуваат значајни заштеди на средствата за заштита, човечкиот труд и работата на механизацијата.
Двете агрометеоролошки станици се поставени во консултација со подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Општина Битола и тоа во с.Кравари Latitude-41.003227, Longitude-21.371922 и с.Лисосај Latitude-41.131246, Longitude- 21.307523.