САНАЦИЈА НА СПОРТСКИТЕ ИГРАЛИШТА ВО БУКОВСКИ ЛИВАДИ

САНАЦИЈА НА СПОРТСКИТЕ ИГРАЛИШТА ВО БУКОВСКИ ЛИВАДИ

Со средства од Општина Битола во вредност од 1.799.516 денари, се изврши санација на двете спортски игралишта кај училиштето „Коле Канински“ во населбата Буковски ливади.  Покрај поставените гумени облоги, кои корисниците на теренот ги заштитуваат од повреди при пад и им овозможуваат поквалитетна спортска игра, се изврши и соодветно бележење.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, заменик градоначалничката Емилија Костурски, претседателот на Советот Валентин Груевски и дел од советниците, се сретнаа со претставници на локалното население.  Жителите на населбата изразија голема благодарност за санацијата на спортските терени, бидејќи овој простор, покрај часовите по физичко образование, децата и младите го користат како место за рекреација и дружба, особено во летниот период.

Градоначалничката посочи дека овој простор дополнително се уредува хортикултурно, со поставување на клупи, патеки, но и рефлектори, со цел во летните месеци да може да се користи и во ноќните часови.

Дополнително, со ваква гумена подлога е санирано и малото спортско игралиште во паркот Стив Наумов.