Општина Битола и Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, на сите жители на општината им го честитаат Денот на заштитникот Свети Нектариј Битолски.
„Нека овој светец го заштити секое семејство од зло, нека на сите нас ни донесе здравје, љубов и радост. Доброто нека владее над злото, а среќата на секој поединец нека биде причина за среќа и на другиот. Исполнети со позитивна енергија, да продолжиме да чекориме напред, кон нови резултати, кои нашиот град ќе го направат поубаво место за сите нас“.
Оваа година, Општина Битола, поради пандемијата со КОВИД 19, не организира чествување како изминатите години, а предвидените средства за одбележувањето на Денот на заштитникот на градот, се пренаменети за хуманитарни активности за лицата на кои во овој момент им се најпотребни.
ДА ПРАЗНУВАМЕ ОДГОВОРНО!
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ!