ИСПИТУВАЊАТА НА ТЕРЕН ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, ПОСОЧИ МАКСУТИ ПРИ СРЕДБАТА СО ПЕТРОВСКА

ИСПИТУВАЊАТА НА ТЕРЕН ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, ПОСОЧИ МАКСУТИ ПРИ СРЕДБАТА СО ПЕТРОВСКА

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, по теренските активности на локацијата каде што се извадени над 10.000 експлозивни направи од периодот на Првата светскса војна во Битола, оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Тој се заблагодари во името на дирекцијата за помошта и поддршката која ја добиваат континуирано од Општина Битола и ја информираше градоначалничката дека екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, ќе продолжат со испитување на теренот, со цел да се отстранат експлозивните средства на територијата на општината, кои се остаток од Првата светска војна. Веќе од 15 декември, извадените артилериски гранати ќе бидат однесени на полигонот Криволак, каде ќе бидат и уништени.

Петровска истакна дека ова е уште еден неочекуван, но сериозен проблем, со кој што се соочува општината при изведувањето на градежните активности, но благодарение на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, кои делуваат секојдневно на терен, наскоро и оваа состојба ќе биде надмината.