КОМПЛЕТИРАНИ СИТЕ 14 УЛИЦИ ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

КОМПЛЕТИРАНИ СИТЕ 14 УЛИЦИ ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

Заврши асфалтирањето и на последната делница од предвидените улици во населбата Долно Оризари.

Преку проектот за реновирање на 14 улици во оваа населба, се работеше на промена на водоводни приклучоци, промена на шахти и сливници и дел од канализациониот систем, по што на крајот следуваше изведба на коловоз.

Должината на асфалтираните 14 улици е над 2 километри, а вкупната вредност на овој проект изнесува 11.063.905,00 ден. или околу 180.000 евра.