ДОБИТНИЦИ НА 4-ТО НОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ДОБИТНИЦИ НА 4-ТО НОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Врз основа на член 10 од Статутот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола“ бр. 10/05, 17/08 и 08/19), член 27 од Статутот на Општинскиот фонд за наградата „4 Ноември“ („Службен гласник на Општината Битола“ бр.7/99 и 5/2002) и член 2 од Правилникот за организација и работа на Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ („Службен гласник на Општината  Битола“ бр.7/99, 10/2001 и 5/2002), Управниот одбор на Фондот  за наградата „4-ти Ноември“ во состав од: претседателот на Управниот одбор Валентин Груевски и членовите Габриела Илиевска, Горан Михајловски, Методија Илиевски, Емилија Костурски, Елеонора Илиевска, Борче Димитровски, Тони Коњановски и Жаклина Наумовска на седницата одржана на 29.10.2019 година, донесе  ОДЛУКА за доделување на Општинската награда „4 Ноември“ за 2020 година.

Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело му се доделува на:

ПЕТАР ГЕОРГИЕВ – КАЛИЦА – композитор, текстописец и адвокат во пензија

Музички хроничар на Битола, вљубеник во Битола, личност која со својата професионална ориентација го прославил својот роден град на сите континенти. Заради неговите достигнувања од областа на музиката како автор на легендарната песна „АКО ОДАМ ВО БИТОЛА“, како и автор на десетици музички дела кои ги надминале локалните, регионалните и националните рамки, а преку кои ја афирмира Битола, вредностите и животот во градот, вљубеник на Битола и доследен на желбата својот животен и професинален век да ги посвети на средината во која е роден. Човек кој целиот свој животен и професионален век неприкинато живее и твори во Битола.

Општинската награда “4 Ноември“ за 2020 година се доделува на:

1.МИТРЕВСКИ ДИМИТАР И ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ – МЕЃУНАРОДЕН СУДИСКИ ПАРзаради значајни достигнувања во областа на спортот и промовирање на Општина Битола и Република Северна Македонија во светот во натпреварувачката сезона 2019/2020, односно во периодот од 01.08.2019 до 31.07.2020 година. Овој судиски пар претставува прв меѓународен пар во историјата на ракометна Битола.

2.ЛИДИЈА ТВИРСТ МИТРЕВСКА – ДИРЕКТОР НА ЈОУДГ (ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА МАРА БИТОЛА)заради нејзините достигнувања од областа на социјалната заштита, нејзината секојдневна љубов, труд и посветеност кон градинките, за да се достигнат посакуваните цели и да се обезбеди сигурна перспектива за здрав и правилен развој на нашите најмили.

3.МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА – Македонско научно друштво – Битола е најстара, активна научна организација во државата, формирана на иницијатива на дванаесет видни битолски интелектуалци од  25 април 1960 година. Со својата активност даде свој придонес во политиката за развојот на образованието, науката, културата и уметноста на нашиот град. Во друштвото членуваат над 250 доктори и магистри на науки, а меѓу нив и 14 редовни членови на МАНУ. Оваа година МНД- Битола слави јубилеј 60 години постоење.

 4.ДОЦЕНТ Д-Р ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ – СПЕЦ. НЕВРОХИРУРГ – од областа на здравствената заштита, вработен во ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија Скопје и доцент по предметите хирургија и неврохирургија на Медицинскиот факултет Скопје. Добитник е на престижната европска награда – најдобар научно истражувачки труд во категоријата на млади неврохирурзи на самитот во Крагуевац, Србија, како и второ место за научно истражување од областа на неврохирургијата на конгресот по неврологија и психијатрија одржан во Пула, Хрватска.

5.ПАНДЕ ДИМИТРОВСКИ – заради неговото достигнување во областа на културата, како автор на проектот НЕЗАБОРАВ кој еднаш годишно се одржува во Битола. Проектот ги обработува и негува трајните вредности на групи, поединци и манифестации од областа на музичкиот живот и создава неизбришлива трага за нивните достигнувања.  Проктот НЕЗАБОРАВ годинава одбележува 10 години од постоењето.