10.000 ЕВРА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ЕЛЕМЕНТИ ЗА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА

10.000 ЕВРА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ЕЛЕМЕНТИ ЗА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА

На денешната 62-ра седница на Советот на Општина Битола, како точка на дневен ред ќе се најде предлогот на градоначалничката Наташа Петровска за донација на 10.000 евра на Клиничка болница Битола, од буџетот на општината.

„Сите знаеме дека бројот на заболени е зголемен и дека се наоѓаме во исклучително сензитивен период, во кој што треба да бидеме уште поподготвени од страна на техничкиот капацитет, меѓутоа и да останеме дисциплинирани како граѓани, бидејќи дисциплината на сите нас е многу важна во овие околности.

10.000 евра донираме за набавка на елементи за кислородна поддршка, доколку биде потребна во следниот период и на тој начин би овозможиле поголем број граѓани да ја имаат таа поддршка.

Со ова покажуваме уште еднаш дека како општина во целиот период остануваме одговорни на предизвикот во кој што се наоѓаме, меѓутоа сакам да нагласам дека како општина остануваме отворени во рамките на нашите можности и понатаму да донираме средства и да дадеме материјална поддршка, а со тоа и техничка и севкупна поддрка на здравствените работници и здравствените институции“, рече градоначалничката Петровска.

По донесувањето на одлуката од страна на Советот на Општина Битола, средствата веднаш ќе бидат префрлени, за да може да се реализира соодветната набавка.