КОМПЛЕТИРАНА 4-ТАТА ДЕЛНИЦА НА УЛ. „ИЛИНДЕНСКА“

КОМПЛЕТИРАНА 4-ТАТА ДЕЛНИЦА НА УЛ. „ИЛИНДЕНСКА“

Со комплетна промена на инфраструктурата, односно поставување на примарна и секундарна водоводна и канализациона мрежа, по која што следуваше асфалтирање, завршена е 4-тата делница од ул. „Илинденска“ во Битола.

Градоначалничката Наташа Петровска изврши увид во теренските активности, каде што беше информирана за реализацијата на тековните делници.

Ул. Илинденска“, која е во должина од  2131 метар, е една од најдолгите и најзначајни улици во Битола, каде покрај коловозното уредување, се менува канализационата и водоводната мрежа, заедно со приклучоците, стара повеќе од 30 години. Поради сложеноста на процесите, се работи етапно, при тоа водејќи сметка и за пристапот на граѓаните до нивните домови.

Вредноста на оваа инвестиција е над 58,5 милиони денари.