ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Битола ја известува јавноста дека комисиите кои работеа на проверка на апликациите по однос на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општината за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди,  завршија со целосниот преглед на поднесените барања.

Прелиминарната листа со лицата кои имаат успешни апликации ќе биде објавена во понеделник, 26 октомври.  Исто така, граѓаните ќе бидат дополнително информирани за натамошните чекори во оваа постапка.