ГИМНАЗИЈАТА ЈОСИП БРОЗ ТИТО ВО ЧЕКОР СО СОВРЕМЕНИТЕ НАЧИНИ НА ОН ЛАЈН НАСТАВА

ГИМНАЗИЈАТА ЈОСИП БРОЗ ТИТО ВО ЧЕКОР СО СОВРЕМЕНИТЕ НАЧИНИ НА ОН ЛАЈН НАСТАВА

Градоначалничката на Општина Битола, ја посети гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола со цел да изврши увид во тековното работење на оваа образовна институција во процесот на изведување на он лајн наставата.

Раководството на гимназијата, односно директорката Фани Наумовска и заменик директорот Мите Ристов, ја информираа градоначалничката дека со средствата од Општина Битола, кои им беа доделени на училиштата пред почетокот на учебната година, набавиле 12 персонални компјутери, 3 лап топ компјутери и 5 таблети за цртање. Персоналните компјутери се опремени со звучници и камери, а таблетите за цртање се особено корисни и практични за изведување на настава по математика, физика и хемија.

Процесот на настава се изведува без проблеми, училиштето има одличен интернет, а организираноста на наставниот процес исто така е на многу високо ниво. Градоначалничката беше запозната и со преземените активности за одредени санации и реновирања во училиштето, како и за потребите за натамошно уредување во самите училници.