КОРЕНИТЕ ЈА ЗАЧУВУВААТ ИСТОРИЈАТА – СРЕДБА НА ПЕТРОВСКА СО ПОТОМЦИТЕ НА БОГОЈА ФОТЕВ

КОРЕНИТЕ ЈА ЗАЧУВУВААТ ИСТОРИЈАТА – СРЕДБА НА ПЕТРОВСКА СО ПОТОМЦИТЕ НА БОГОЈА ФОТЕВ

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, при посетата на селото Бистрица оствари средба со внуката на Богоја Фотев и нејзиното семејство. Д-р Вида и нејзиниот сопруг Лав, кои живеат во Скопје, раскажаа дека овој семеен спомен, куќата и имотот, кој ги врзува за Богоја Фотев, за нив е од огромно значење. Тука ги минуваат викендите и слободното време, потсетувајќи се на корените, традицијата и старите вредности преку фотографии и спомени.

Градоначалничката Петровска им се заблагодари на поканата и честа  да го посети домот на овој македонски борец и политичар, во времето кога нашата земја го градеше историскиот пат на возобнова.

Богоја Фотев, кој во семејството се доселиле во Бистрица во 1914 година, избран е во Президиумот на АСНОМ како прв повереник за финансии. На Второто заседание на АСНОМ во декември 1944 година е избран за повереник за земјоделство, а во април 1945 година, при изборот на првата Македонса влада, е назначен за министер за земјоделство и шумарствоВо  април 1946 година ја презема функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание.