ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА СО НОВИ ПРАВИЛА И ЗАДАДЕНИ ПРОТОКОЛИ

ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА СО НОВИ ПРАВИЛА И ЗАДАДЕНИ ПРОТОКОЛИ

Општина Битола пред почетокот на учебната година,  ја даде потребната поддршка до сите основни и средни училишта, со цел новиот модел на настава да се одвива без проблеми. Во следната табела, се прикажани издвоените средства од страна на општината.

На првиот училишен ден, градоначалничката Наташа Петровска изврши посета на ОУ „Коле Канински“, каде што го следеше текот на спроведувањето на протоколите за изведување на настава во прво и второ одделение, со физичко присуство на учениците.

„Ви посакувам добро здравје, да ги слушате наставниците и домашните, што е многу важно во овие околности. Ви посакувам да станете големи луѓе, посебно затоа што се соочувате со големи предизвици, од толку мала возраст“, истакна Петровска, поздравувајќи ги учениците.

Директорот Зоран Мирчевски, заедно со својот тим, ја запознаа градоначалничката со преземените активности во училиштето, со цел да се запазат сите потребни протоколи за одржување настава со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение, како и за оние, кои ќе следат он лајн настава.