ЗАВРШЕНА ПРВАТА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦА ИЛИНДЕНСКА

ЗАВРШЕНА ПРВАТА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦА ИЛИНДЕНСКА

Со поставувањето на асфалт заврши реконструкцијата на првата делница од реконструкцијата на улицата „Илинденска“ во должина 200 метри, покрај Еврејските гробишта.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во теренските активности, а од страна на изведувачите и надлежните лица од општината за овој проект, беше информирана дека асфалтирањето ќе биде изведувано по делници, онака како што се комплетираат сите активности.

Целосната конструкција на улицата „Илинденска“ во Битола во должина од 2131 метар е инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, од кои 530.000 евра општински средства.  ЈКП „Водовод“ е задолжен за изведба водоводните приклучоци во висина од 3,6 милиони денари, КЈП „Нискоградба“ за канализационите приклучоци во вредност од 6,9 милиони денари, додека коловозот е во висина од 22 милиони денари.

За реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа, Министерството за транспорт и врски одвои околу 415.000 евра.