„30 години ниту некој дошол да не посети, ниту имал слух за нашите проблеми. Конечно, по толку време и до нашите домови ќе газиме како луѓе, а нашите деца ќе се движат без кал на нозете“, коментираа дел од жителите на крак од улицата „Рашанец“,каде што во моментов се работи на поставување на бехатон плочки, при средбата со градоначалничката Наташа Петровска.
Од своја страната, таа истакна дека ветеното го исполнува, но дека не може се во градот да се реши наеднаш и побара населението да има трпение, бидејќи паралелно се работи во повеќе населби во градот, на решавање на инфраструктурни проекти.
На овој потег, каде што се наоѓаат околу 25 куќи, во должина од над 160 метри, со површина од 370 метри квадратни, на несоодветен терен на кој досега не можеше ниту возило на брза помош да дојде, за прв пат се санираат приодните пристапи до домовите.
Градоначалничката Петровска, која изврши увид во градежните работи, разговараше и со изведувачот, за начинот и донамиката на изведба и за проблемите при реализацијата на овој стрмен дел.