ОПШТИНА БИТОЛА СО ПОДДРШКА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКА

ОПШТИНА БИТОЛА СО ПОДДРШКА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКА

Општина Битола годинава ќе биде дел од големиот настан за подигнување на јавната свест за ракот на дојка “Race for the Cure”, кој ќе се случува од 25-27 септември во речиси сите градови во државата.

Вклучувањето на општината беше договорено на средбата помеѓу претседателката на здружението „Борка – За секој нов ден”, Биба Додева и градоначалничката Наташа Петровска. На средбата се дискутираше и за состојбата со заболени од рак на територијата на општината, како и за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица. Градоначалничката истакна дека општината максимално ја дава подддршката во активностите за подигнување на јавната свест за ракот на дојка.

Настанот ќе се случува  во пресрет на месецот октомври, во кој традиционално на светско ниво се одбележува месецот за борба притов ракот на дојка, како и во рамките на активностите на Националната кампањата за рак на дојка.