ПРОДОЛЖУВА САНАЦИЈАТА НА ПРИСТАПНИТЕ ПАТИШТА И ТРОТОАРИТЕ

ПРОДОЛЖУВА САНАЦИЈАТА НА ПРИСТАПНИТЕ ПАТИШТА И ТРОТОАРИТЕ

Во тек е поплочување на дел од тротоарскиот простор и пристапот до неколку од куќите на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ со бехатон плочки.
Градоначалничката Наташа Петровска, со вработените во општинската администрација надлежни за координација на изведбата, извршија увид на терен и се сретнаа со локалното население, кое ја поздрави акцијата за поплочување на пристапите до нивните домови.
Паралелно, деновиве се изврши поплочување на пристапите до спортското игралиште во населбата Баир, во месноста наречена „Тепсија“, со што им се овозможи на корисниците на спортските терени да не се движат по земјена површина, а со тоа и да не се уништува внатрешноста на реновираното спортско игралиште.