ДЕНОВИ НА РОСТКОВСКИ ВО БИТОЛА

ДЕНОВИ НА РОСТКОВСКИ ВО БИТОЛА

Во чест на рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кај споменикот Руски крст во Битола се одржа традиционалната манифестацијата „Денови на Ростковски“, која поради актуелната состојба со Ковид-19, годинава трае само еден ден.

Амбасадорот на Руската федерација во земјава Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на конзулатот на оваа земја, како и претставници на регионалното здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“, кое воедно е и организатор на настанот, положија свежо цвеќе пред споменикот. А.А. Ростковски бил руски конзул и служел во Битола од 1895 година. Убиен е во средината на илинденското востание на 8 август 1903 година.

Зачувувањето на споменот за Ростковски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа, при тоа зајакнувајќи го пријателството и соработката, истакнаа амбасадорот Баздникин и градоначалничката Петровска.