ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ВО СЕЛО ДОЛЕНЦИ

ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ВО СЕЛО ДОЛЕНЦИ

Увид во теренските активности на тампонирање на улици во селото Доленци денес изврши градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, заедно со општинските координатори на проектот.

Таа беше запозната со постапката на изведба на терен, како и со досегашните проблеми во однос на улиците во селото. Изведувач на активностите е фирмата „Јоска Транс“, а во моментов се работи на улици во должина од 450 метри, односно на површина од над 1350 квадратни метри.

Локалното население изрази задоволство од санацијата, а заеднички, беа разгледувани и останатите барања на жителите во однос на натамошни инфраструктурни зафати. Градоначалничката посочи дека останува заложбата на оваа локална власт да се работи секаде и да се санира во секое населено место во општината.