На површина од над 6000 метри квадратни, со должина од околу 850 метри и ширина на коловоз од 7,5 метри, се асфалтира пристапот од железничкото стојалиште кај Индустриската зона Жабени, до регионалнот пат кон граничниот премин Меџитлија.
Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, заедно со дел од општинската администрација задолжен за координација на проектот, извршија увид во теренските активности и се информираа за начинот и рокот на изведба. Општина Битола за овој зафат обезбеди проектна документација.
Според предвидената динамика на работа во оваа прва фаза, со средства од Министерството за финансии, до сабота треба да се изврши асфалтно поврзување на јужната делница од зоната со пристапниот регионален пат.
Во следната фаза, општината ќе ги изведува каналските приклучоци во овој дел и дополнителните зафати предвидени со проектот. Асфалтирањето на оваа делница ќе значи директен пристап до железничкото стојалиште кај Индустриската зона Жабени.