ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ. 13 ЈУЛИ

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ. 13 ЈУЛИ

Дел од улицата 13 Јули во Битола го добива финалниот лик. Откако беше поставена мешовита канализација од страна на KЈП „Нискоградба“, се пристапи кон санација и подготовки за асфалтирање и поставување на тротоари  Следен чекор на реализација беше поставувањето на улично осветлување, како и осветлување на паркинг просторот околу зградите. Увид во финалната фаза на асфалтирање денес изврши градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

„Вршиме увид во градежните активности  на ул. 13 Јули кои што се во завршна фаза, каде што се покриени 3950 метри квадратни оставена кал неколку години наназад. Решен е коловозот, делот на паркингот, а претходно беше изведена канализацијата и осветлувањето. Целокупната инвестиција на овој потег изнесува 135.000 евра. Она што како динамика е забележително на ниво на цел град е тоа што созреаните проекти од претходниот период се во изведбена фаза и во таа насока општината продолжува да се движи. За скоро време веќе ќе бидат отворени нови улици, нови проекти, за кои веќе се склучени договори“, рече Петровска.

Жителите од оваа улица, сретнувајќи се со градоначалничата, уште еднаш укажаа на фактот дека иако им биле уплатени средствата за комуналии одамна, претходната локална власт немала слух да го реши проблемот. Благодарение на Петровска, овој проблем е решен.