Поради појавата на втор бран со ширење на коронавирусот КОВИД-19 во нашата држава во овој период, што меѓу другото доведува и до намалено користење на јавниот превоз од страна на патниците, истовремено земајќи ги предвид барањата и предлозите од превозниците, во наредниот период од 09.06.2020 година па се до крајот на вонредната состојба, општинските линии ќе се одржуваат како што следува:
Линијата 1 за Брусничка населба во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поаѓање на Д и А ХЕРА ТРАНС во временскиот период од 06:20 до 19:20, а во вторник, четврток и сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 19:00 часот, во спротивната насока.
Линијата 4 за Горно Оризари во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ЛУКА ЕКСПРЕС во временскиот период од 06:15 до 19:15 часот, а во вторник, четврток и сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 19:00 часот, во спротивната насока,. .
Линијата 5 за Буковска населба во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ХЕРА ТУРС во временскиот период од 06:15 до 19:30 часот, а во вторник, четврток и сабота ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС во временскиот период од 06:00 до 19:15 часот, во спротивната насока.
Линијата 6 за Долно Оризари ќе сообраќа од понеделник до петок во временскиот период од 06:00 до 17:00 часот.
Линијата 14 за Бистрица ќе сообраќа со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 05:55, 12:00. 14:30 и 15:30 часот.
Линиите 7, 8, 9, 9А, 10, 11, 13 и 15 за Логоварди, Буково, Магарево, Нижеполе, Лопатица, Црнеец, Драгош и Кажани ќе сообраќаат со возните редови за летниот период.
При одржувањето на линиите од страна на превозниците и при користењето на јавниот превоз од страна на патниците, задолжително мора да се почитуваат донесените уредби со законска сила и мерки за време на вонредната состојба, односно возилата да сообраќаат со преполовен капацитет и со запазување на растојанието од два метри меѓу патниците, а патниците задолжително да носат лична заштита на лицето.
Евентуалното непочитување на возните редови и на мерките граѓаните можат да го пријават во Општинскиот инспекторат на телефонскиот број 047/208-356.