УШТЕ ЕДНО НАСЛЕДЕНО ФИНАНСИСКО ОПТОВАРУВАЊЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ОД 300.000 ЕВРА ОД ВРЕМЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

УШТЕ ЕДНО НАСЛЕДЕНО ФИНАНСИСКО ОПТОВАРУВАЊЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ОД 300.000 ЕВРА ОД ВРЕМЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, на денешната прес конференција, ја информираше јавноста за ново финансиско оптоварување кое треба да го сноси сегашната локална самоуправа, наследено од претходната власт.

„Почитувани,

Се обраќам до јавноста да соопштам за уште едно финансиско оптоварување на Општина Битола наследено од претходната локална самоуправа предводена од ВМРО- ДПМНЕ.

Имено, по судска одлука потврдена од Апелациониот суд во Битола, за спор започнат на 8.4.2016, од општинската каса ќе се исплатат 300.000 евра на изведувачот за реновирање на домот за стари лица Сју Рајдер Битола.

Огромната сума е за договор склучен на 23.12.2011 година , во вкупна вредност од 850.549 евра.  Сумата е без ДДВ, што стои во договорот, бидејќи парите  потекнуваат од фондови на ЕУ кои се ослободени од ДДВ.

Од фактурите кои се достапни, фактурирана што значи и извршена работа била за 616.338 евра без ДДВ.

Но, исплатени биле  вкупно 955.616 евра од Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Општина Битола, или повеќе за 339.277 евра, после што дополнително е доставена фактура, како оптоварување на Општината од 187.471 евро.

Со тоа, по овој договор, целокупната исплатена сума сума ќе достигне над 1.140. 000 евра без камата.

Се наметнуваат прашањата:

Зошто се плаќани фактурите со ДДВ?

Зошто исплатените средства по пат на цесија од страна на  Општината не се поткрепени со фактура или доставена градежна ситуација?

Нерегулираните односи помеѓу МЛС и Општина Битола од тој период, носи како последица општината да треба да плати нови 300.000 евра за стари подмирени обврски.

Што се однесува до судската одлука за општината спорот не е завршен, бидејќи ќе следи постапка за ревизија до Врховен Суд. Но, плаќањето, токму за оваа Локална Самоуправа е извршно.

За доставените фактури со ДДВ и како такви исплатени, за двојни документи кои се појавуваат, за плаќање по цесии, за недефинирани обврски и слично, повикуваме да се вклучат други инстанци кои се надлежни за откривање на незаконити работи“, посочи Петровска на денешната прес конференција.