Започна реновирањето на помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, попознато како Ќумурното игралиште во Битола.
Општина Битола го финансира менувањето на оштетената мрежна ограда, појачување на челичната конструкција и поставување на 6 нови врати, во вредност од 381.600 денари.
Градоначалничката Наташа Петровска го посети овој спортски објект, каде што се сретна со изведувачите и со дел од спортистите кои го користат за секојдневен тренинг. Изведувачот ја запозна со активностите кои што ќе бидат преземени во следните 30 работни денови, а спортистите пак, посочија дел од активностите, но и дел од претходните проблеми со кои се соочуваа во делот на изведување на тренинзите. Тие истакнаа дека со овој зафат на Општина Битола, ќе им се овозможи поквалитетен и побезбеден начин на тренирање. Дадоа и свои предлози за натамошно надоградување на Ќумурното игралиште со дополнителни содржини.
Ќумурното игралиште во Битола го користат голем број спортски клубови за одржување на тренинзи. Со него управува Општина Битола, а го одржува Јавното претпријатие „Комуналец“.