ТЕМЕЛНИ ЗАФАТИ ВО И ОКОЛУ ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

ТЕМЕЛНИ ЗАФАТИ ВО И ОКОЛУ ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

Офицерскиот дом во Битола забрзано се реконструира. Во внатрешноста на објектот се работи на сите катови. Во одредени делови е поставена нова дограма, а се работи и на поставување на инсталационите системи и на репарација на ѕидовите. Паралелно се работи и на пропратните одводни и доводни системи.

Екипи на КЈП „Нискоградба“ деновиве работат во надворешниот дел на офицерскиот дом, поставувајќи нова атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид во работата на терен. Силјановски појасни дека со атмосферската канализација, покрај надворешните води од објектот, ќе бидат опфатени и атмосферските води од партерното уредување.

Вредноста на оваа инвестиција е 1,5 милиони денари, средства од Општина Битола.