ОТСТРАНЕТА ОПАСНОСТА ЗА ДЕЛ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА ДЕВЕАНИ

ОТСТРАНЕТА ОПАСНОСТА ЗА ДЕЛ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА ДЕВЕАНИ

Постојатното поткопување од атмосферските води и повремените оштетувања, го срушија потпорниот ѕид  на ул. „Девеани“, кој им падна во дворовите на жителите на дел од оваа улица.  По ваквата состојба, на терен веднаш реагираа екипите на КЈП „Нискоградба“, за да извршат санација на целиот потпорен ѕид.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид на терен, при што констатираа дека со сегашната интервенција се отстранува опасноста, која постоела со години наназад и за жителите и за објектите.

Ваквата состојба ја потврдуваат и жителите на ул. „Девеани“, кои изразија огромна благодарност за санацијата на потпорниот ѕид, бидејќи сега, како што истакнаа, нивните деца слободно можат да си играат во дворовите, а тие да ги користат без да стравуваат од последици.

Општина Битола, за санација на потпорниот ѕид на ул. „Девеани“ издвои 914.000 денари.