На иницијатива на Општинскиот кризен штаб, Општина Битола во координација со јавните претпријатија, заедно со официјалниот партнер Црвен крст Битола, реализираа крводарителска акција, во која беа вклучени медицински лица од одделението за трансфузиологија при Клиничка болница Битола.
Вработените во општината и јавните претпријатија во текот на претпладнето даруваа крв, а меѓу нив беше и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Во рамките на крводарителската акција, беше собрана 61 крвна единица, која е многу значајна во овој период.