СО НЕГУВАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, РАЗУМНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ОВИЕ ТЕШКИ ОКОЛНОСТИ

СО НЕГУВАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, РАЗУМНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ОВИЕ ТЕШКИ ОКОЛНОСТИ

Драги битолчани,

Оваа година, ги пречекуваме Велигденските празници, во исклучително тешки околности. Но, тоа се околности во кои, меѓудругото, длабоко можеме да размислиме за вистинските вредности: на семејството, љубовта, домот, пријателството, хуманоста.

Нека нашите домови бидат храмови на верата, љубовта и надежта. Нека не служи добро здравје и благосостојба, а Воскресението кое што доаѓа, нека е мотив повеќе да го разбудиме доброто во човекот!

Најдлабоко замолувам: Во деновите кои што следуваат, да се однесуваме разумно, затоа што разумот, не случајно, е дар на човештвото.

Радоста на Воскресението, нека донесе смирение кај сите нас, за да успееме заедно да излеземе од овие тешки околности!, им порачува градоначалничката м-р Наташа Петровска на своите сограѓани, по повод Велигденските празници.