ЧЕСТИТКА ОД ПЕТРОВСКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

ЧЕСТИТКА ОД ПЕТРОВСКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, упатува честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Република Северна Македонија.

„Во време на нови и непознати предизвици, со кои се соочуваме на целата планета, мора да го задржиме духот на заедништво, сигурност, безбедност и заедничка толеранција.

Во овие тешки услови за сите нас, како градоначалник на Општина Битола, на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

Сите заедно, мора да чекориме на патот на мултиетичноста, за подобро утре на сите граѓани на нашата држава. Само така, ќе имаме подобра иднина, поголема взаемна почит и подобри услови за економски и социјален напредок.

Нека е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!“