ЗАПОЧНА ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА НА СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

ЗАПОЧНА ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА НА СТАНБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

На барање на градоначалничката Наташа Петровска, екипите на ЈП „Комуналец“, со поддршка на останатите јавни претпријатија, вршеа дезинфекција на станбени единици. Во денешната акција беа опфатени населбите Карпош, Кланица, Стрелиште и Стара болница. По изготвен акциски план, со таа активност се продолжува и натаму, како една од превентивните мерки. Но најсуштинската порака до сите е #СедиДома.