НАД 9300 КВАДРАТНИ МЕТРИ КАЛ, ПОКРИЕН СО БЕХАТОН ПЛОЧКИ

НАД 9300 КВАДРАТНИ МЕТРИ КАЛ, ПОКРИЕН СО БЕХАТОН ПЛОЧКИ

Покрај поставувањето на бехатон плочки на двата приоди кон ОУ „Елпида Караманди“ и Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост,  во Битола во моментов се работи и во населбата Горно Oризари, каде на крак од ул. „Крсте Нале“, на површина од 400 квадратни метри, се поставуваат бехатон плочки во вредност од околу 400.000 денари.

„Само во изминативе две години, во Општина Битола имаме поплочена кал на површина од околу 9.300 метри квадратни, за што се вложени над 7.240.000 денари. Кал, на која досега газеле нашите сограѓани“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Во населбата Мал Париз пак, се работи на реконструкција на канализацијата од страна на КЈП „Нискоградба“ во третата уличка, откако веќе претходно, со средства од Општина Битола беа целосно санирани две улици и истите беа поплочени со бехатон плочки. Овој зафат чини околу 300.000 денари.