КАРИЕРНО И ПРОФЕСИОНАЛНО НАСОЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

КАРИЕРНО И ПРОФЕСИОНАЛНО НАСОЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Во рамките на проектот „Што е следно?“ преку Еразмус програмата, основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола е домаќин на претставници од Норвешка, Данска, Германија и Полска. Проектот е наменет за кариерно и професионално насочување на учениците уште во основно училиште.

Претставниците од локални самоуправи, училишта, кариерни советници, како и домаќините од битолското училиште, остварија средба со градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа петровска, каде се разговараше за можностите за заедничка соработка во насока на можностите за примена на кариерна настава во училиштата. Беа разменети практики и искуства со останатите земји учеснички во проектот, а се разговарање и за начинот на делување на локалната самоуправа во ваквиот процес.

Еден од заедничките заклучоци од средбата е дека мора да се продлабочи соработката на големите компании и училиштата, со цел да се има поголем увид во потребите на пазарот на трудот.