Во кабинетот на градоначалничката на Општина Битола, се одржа средба на претставници на фолклорните ансамбли кои делуваат на подрачјето на општината и градоначалничката Петровска.
На средбата со присутните претставици се разговараше за актуелните состојби во фолклорните здруженија. Градоначалничката Наташа Петровска даде предлози и иницијативи за одредени натамошни чекори во насока на зачувување и негување на македонскиот фолклор и традиција.