Врз основа на добиено известување од Агенција за катастар на недвижности, а согласно склучениот договор за теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви помеѓу Агенцијата и ангажираната фирма, Ве известуваме дека во периодот од 24.02.2020 до 04.05.2020, екипите ќе прибираат податоци на територијата на Општина Битола. Теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе опфати просторни и описни податоци за сите улици и објекти, во сите населени места на Општина Битола.
Во врска со горенаведеното, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, упатува апел до жителите на Општина Битола, во наведениот период да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите.
Од востановениот Адресен регистар придобивки покрај Агенцијата за катастар на недвижности, ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Северна Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците.