ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО СЕЛО КРАВАРИ

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО СЕЛО КРАВАРИ

Училиштето во селото Кравари, во непосредна близина на Битола, конечно доби нов лик по реконструктивните зафати  од страна на Општина Битола. Градоначалничката Наташа Петровска го посети училиштето, кое е едно од 15-те подрачни училишта во рамките на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица.

„Се наоѓаме во подрачното училиште во селото Кравари, во кое завршија инфраструктурните зафати во висина од околу 380.000 денари. Со реконструкциите беа опфатени подовите, каде што постоеше опасност, бидејќи подот беше во очајна состојба, некое дете па падне во „провалија“ од еден метар во подрумските простории. Ова само потврдува во каква очајна состојба беа низа училишта и образовни институции со децении наназад во општината и покажува како во објект по објект вршиме санирање. Далеку од тоа дека сме завршиле со сите реконструктивни зафати во образовните институции, но ако продожиме со вакво темпо и со ваков интерес за она што дефинитивно е најзначајно за секоја локална самоуправа, тогаш можеме да кажеме дека она што го заслужуваат нашите деца во сите училишта, набргу и ќе го имаат“, рече градоначалничката Петровска.

Со реконструктивните зафати беше заменета меѓукатната дрвена конструкција во две уќилници, се изврши насипување на визбите со земја, по што се тампонираше и се постави нова бетонска плоча, за на крај да биде поставен и нов ламинат. Дополнително во училиштето беа санирани и бојадисани ѕидовите.

Родителите и наставниците искажаа огромна благодарност до градоначалничката и локалната самоуправа, затоа што конечно, некој покажал интерес и имал дослух за решавање на проблемите во ова училиште, запоставено со години наназад.